Невил: Јунајтед стана „гробишта“ за фудбалери, ова не може да продолжи

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како телевизиски аналитичар, повторно упати сериозни критики кон својот поранешен клуб по вчерашниот тежок пораз во дербито со Ливерпул на домашен терен (0:3).

„Најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед е што сега врвните играчи немаат мотив да одат таму. Во последните 10 години клубот стана гробишта за фудбалерите. Главно доаѓаат оние со добро реноме, но кои не успеаја. Ова се однесува и на домашните и на странските играчи.

Кога се вратив од Валенсија, мислам дека во април 2016 година, повторно дојдов овде. Тоа беше еден од последните натпревари на Луј ван Гал. Игравме со Кристал Палас во вторникот вечерта и стадионот беше полупразен. Си помислив: „Ова е сигнал“. Денеска, кога на 5 минути до крајот на натпреварот 25 илјади луѓе останаа на стадион со капацитет од 74 илјади гледачи, тоа веќе беше голем проблем за Хаг. Ова не може да продолжи.

Мислам дека ќе има неколку месеци да ги адаптира новите играчи. На крајот на ноември Манчестер Јунајтед би требало да биде над осмото место, а во декември – меѓу првите четири или пет. Ако Тен Хаг не го рангира тимот на тие позиции до Божиќ, подгответе се за неволја“, рече поранешниот фудбалер на Манчестер.

Слични содржини