Сијарто: Крајно време е членките на ЕУ да ја изразат својата јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан

од Nikola Popovski
41 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум во понеделникот истакна дека е крајно време членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан.

По средбата со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, Сијарто порачал дека ЕУ не може да биде целосна, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан, додавајќи дека Србија е „очигледно клучна земја во регионот“, пренесе агенцијата МТИ.

„Верувам дека е крајно време и нашите пријатели од Западна и Северна Европа да увидат дека ќе биде многу потешко, а веројатно и невозможно, да се гарантира стабилноста на Западен Балкан без Србија“, предупредил Сијарто.

Слични содржини