Полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава, по трет пат во осум дена, за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор по руските воздушни напади во Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Во исто време, на социјалните мрежи се шират драматични фотографии и снимки од руските напади врз Украина, односно врз Киев и Лвов.
Според очевидци, на периферијата на Киев и Лвов се слушнале неколку експлозии, а за Ројтерс тврдат дека се работи за активиран систем за противвоздушна одбрана.
More from Lviv https://t.co/WWc4fWiN1s pic.twitter.com/xcrXhI4V2m
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) September 4, 2024
Украинските воени претставници соопштија дека одбранбените единици биле ангажирани во одбивањето на нападот, а регионалниот гувернер на Лвов Максим Козицки додал дека станбените згради биле оштетени во тој град.
The historic center of Lviv is burning after Russian missile strikes 30 minutes ago.
Russians are scaling up missile attacks massively while the US protects Russia's airfields and launchers. pic.twitter.com/lQmpTkoRqC
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) September 4, 2024
Од синоќа на полноќ, Украина се наоѓа под предупредување за воздушен напад, а одвоено предупредување за ракетен напад е издадено и за Лвов.
— Zlatti71 (@Zlatti_71) September 4, 2024
Драматични видеа и фотографии од Украина набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.
❗️A massive RU attack today.
It started with a UAV raid. At 3:30 Tu-95 launched “Kinzhal" & "Kalibr” missiles.• Lviv. 2 buildings were on fire. 3 dead & 23 injured. There may be people under the rubble;
• Kryvyi Rig. 5 civilians are injured
• Air Defence worked in Kyiv,
1/2 pic.twitter.com/mCHzsQCesk— Tetiana 🇺🇦 (@Tetiana_NAFO) September 4, 2024
На нив може да се забележат експлозии и оган кој избувнува.
Едно видео покажува спасувачки тимови како ги евакуираат повредените граѓани.
⚡️Львів. Кончені кацапські військові знову і знову бʼють по цивільним
Вже 19 постраждалих, одна людина померла pic.twitter.com/TAuv9rImt4— kowalskydonetsk🇺🇦 (@kowalskydonetsk) September 4, 2024