Фудбалскиот клуб Рома практично ја заврши работата за ангажирање на германскиот играч Матс Хумелс и тренерот на овој клуб Даниеле де Роси ќе добие големо засилување во тековната сезона.
Хумелс моментално е без ангажман, бидејќи договорот со Борусија Дортмунд му истече на крајот од минатата сезона, а тој се уште нема намера да ја заврши кариерата иако веќе има 35 години.
Италијанските медиуми пренесуваат дека се водат преговори меѓу претставници на Рома и Хумелс, кој наводно од римскиот клуб бара плата од 2,5 милиони евра по сезона.
Германецот е на пат кон главниот град на Италија и се очекува овој трансфер да биде комплетиран во следните неколку дена.
🚨 ✈️ Next stop: Roma! Mats Hummels (35/🇩🇪) spotted at Munich Airport a few minutes ago. The World Cup winner of 2014 is on his way to Italy in order to undergo medical check at AS Roma. He is set to sign a one-year-contract with the Serie A side. 🇮🇹 🔴🟡 @SkySportDE
— Patrick Berger (@berger_pj) September 4, 2024
Германскиот фудбалер наводно одбил понуди од Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка, како и неколку клубови од Саудиска Арабија.
Покрај за Борусија Дортмунд, Хумелс настапуваше и за Баерн, а за германската репрезентација одигра 78 натпревари и постигна пет гола.