Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, смета дека ФИФА треба да го одземе правото на Шпанија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година, доколку расизмот во земјата не биде искоренет.
„Имаме доволно време до 2030 година за се да се промени на подобро. Се надевам дека во Шпанија луѓето сфаќаат колку е сериозно да се навредува некого поради бојата на неговата кожа. Мислам дека ако ситуацијата остане иста до 2030 година, тогаш ќе мора да го смениме местото на светското првенство. Играчите нема да се чувствуваат удобно и безбедно во земја каде што може да страдаат од расизам“, изјави Винисиус, цитиран од CNN.
„Јас не сум жртва, туку џелат на расисти. Навивачите кои го навредуваа Винисиус добија затворски казни!“, додаде тој.
Во текот на кариерата во шпанското првенство, Винисиус постојано е жртва на расисти кои го навредуваа Бразилецот поради бојата на неговата кожа.
Светското првенство во 2030 година е предвидено да се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, како и во Аргентина, Парагвај и Уругвај.