Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.
Таа се појави во долг бел фустан со висок шлиц. Како накит има прекрасен ѓердан и едноставни обетки.
На фестивалот и беше доделена наградата Diva e Donna за жена на годината за документарниот филм „Soy Georgina“.
Џорџина вчера пристигна во Венеција и веднаш привлече внимание со својата необична облека. Папараци ја снимиле по пристигнувањето на аеродромот „Марко Поло“.
Таа носеше црна кратка маица и црни шорцеви кои на многумина повеќе им личеа на долна облека.
Исто така, имаше мрежести гаќички и високи црни сандали, а на главата имаше капа.