Трипуновски: Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен и пченица

од Nikola Popovski
14 прегледи

Денес сум на работна средба со земјоделците од Пелагонискиот регион, поточно во општина Новаци. Денеска ќе ги информирам лично дека на вчерашната седница на Влада поминаа двете програми, т.е. програмата за директни плаќања каде што дополнителната субвенција од 6.000 денари по хектар ја зголемуваме на 12.000 денари, се со цел да излеземе во пресрет на сите оние земјоделците кои што произведуваат јачмен од оваа реколта”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„И дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидовме дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри. Мерката ќе важи од 15-ти јули до 5-ти септември, сите оние кои што имаат предадено, ќе добијат дополнителни 3 денари. Тоа практично беше и на разговорот кој што го имавме токму во оваа општина со полјоделците од овој регион”, изјави министерот.

Трипуновски додаде дека целиот процес се следеше, и согласно анализата која што се направи Владата одлучи да им помогне на полјоделците се со цел да биде дополнителен стимул веќе во наредната сеидбена сезона која што доаѓа да се зголемат површините под производство на пченица, да се обезбеди поголема количина за државата. И така Македонија ќе биде помалку увозно зависна од соседството.

Слични содржини