ВЛЕН: Владеачкото мнозинство е стабилно, пропадна планот за дестабилизација на Левица, СДСМ и ДУИ

од Nikola Popovski
27 прегледи

„Синоќа со големата поддршка што ја доби претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владиното мнозинство е стабилно и нема знаци на колебање. Дополнително, оваа интерпелација ја донесе на сцена и новата коалиција за дестабилизација на државата Левица-СДСМ-ДУИ“, се вели во реакцијата на ВЛЕН по вчерашниот неуспешен обид за смена на собранискиот спикер од страна на дел од опозициските партии во земјата.

Од ВЛЕН велат дека Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на поголем проект на оваа тројка, чија цел е да ја дестабилизира државата.

-Како што и самите изјавија претходно, додека тоа веќе се докажува во пракса, иницијативата за интерпелација, со толку многу јазик на меѓуетничка и меѓуверска омраза, зборува дека меѓу оваа тројка постои координација и соработка во плановите за дестабилизација и предизвика тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Северна Македонија, стои во реакцијата на ВЛЕН.

-Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни.

И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех, додаваат од трите партии од албанскиот блок споени во една коалиција.

Слични содржини