По втор пат од почетокот на сезоната, напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго ја изрази својата фрустрација што се чини дека не го заслужува вниманието кое го заслужува. Сега е лут што не беше меѓу 30-те номинирани за „Златната топка“ за 2024 година. Бразилецот пред неколку недели преку луѓе од својот тим повика неговиот придонес во успехот на гигантот од „Бернабеу“ да биде оценет на рамноправна основа со оној на другите ѕвезди од „белиот балет“.
Во изминатата сезона Родриго подигна три трофеи – во Лигата на шампионите, во Ла Лига и за Суперкупот на Шпанија. На 51 натпревар за Реал, 23-годишниот фудбалер постигна 17 гола и даде две асистенции.
Без разлика на сето ова, тој не е меѓу почестените за „Златната топка“, додека во исто време номинирани се неговите соиграчи Џуд Белингем, Винисиус Жуниор, Антонио Рудигер, Федерико Валверде, Даниел Карвахал, новиот соиграч Килијан Мбапе, како и поранешниот Тони Крос.
Во врска со ова, Родриго сподели на Инстаграм колаж од негови фотографии со трофеите од минатата сезона, додавајќи „самјли“.
Инаку, самите номинирани ги избира УЕФА, по што гласаат новинари од целиот свет. Се земаат предвид постигнувањата на фудбалерите во периодот 1 август 2023 – 31 јули 2024 година Победникот ќе биде објавен на 28 октомври.