Премиерот Христијан Мицкоски ветува 21 милијарда денари помош за општините, меѓу кои се и општините од Град Скопје, како и за самиот град. Тој ги повика општините да аплицираат и да понудат проекти. Запрашан зошто Владата не помогне со набавка на нови автобуси на територија на главниот град, Мицкоски вели дека тоа не претставува проблем, но истакнува дека има и други градови во земјава кои имаат потреба од автобуси.
-На состанокот со градоначалничката Арсовска очекувавме да слушнеме план. Рековме дека безусловно ќе ги поддржеме програмите, иако не веруваме дека со таа поддршка и со новите вработувања дека ќе се додаде нешто позитивно, но сепак го гласавме. Денеска да почнеме процес за набавка за автобуси само за Скопје, претпоставувам дека ќе биде завршена и успешно ќе бидат испорачани за следната учебна година. Доволно пати покажавме конструктивност во минатото…Стоиме располагање за да слушнеме план и да го поддржиме, но ако тој план е гласајте за кредит за да набавиме автобуси кои ќе стигнат догодина, тоа нема да го реши проблемот. Проблемот се решава со мобилизација во рамки на ЈСП Скопје и наменско трошење на средствата. Тоа може да го стори Градот Скопје и менаџментот на ЈСП Скопје, рече премиерот на прес-конференција во Владата.
-Се сложувам дека на Скопје му требаат 250 автобуси, но сигурно и на другите градови им требаат уште 250 градови. Ова системски можеме да го решиме, а не парцијално. Затоа е овој повика за општините, додаде Мицкоски.