Минхен: Убиениот напаѓач бил австриски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Осомничениот за престрелката во близина на израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист кој и бил од претходно познат на полицијата.

„Мораме да претпоставиме дека нападот врз израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран утрово“, рече Херман.

Како што објави „Билд“, станува збор за Емрах И.(18), роден во Австрија, по потекло од Босна и Херцеговина.

Слични содржини