Нашата политичка партија Македонски Концепт отворено бара поддршка од Коалицијата ВРЕДИ за донесување на нов – граѓански Устав во Македонија. Состојбите се созреани за таков Устав, а тоа ќе биде и огромен чекор напред во ЕУ интеграциските процеси на Македонија, за што силно се залага Македонски Концепт и е наша фундаментална определба, порачува Владо Бангиевски, извршен директор на Македонски концепт.
Според Бангиевски, граѓанските права не треба да зависат од проценти, тие се природно, индивидуално право на секој граѓанин со неговото раѓање, со што даваме отворена поддршка за „бришење на формулацијата 20%“ во новиот граѓански Устав.
-Со него, еднаш за секогаш, ќе се регулираат сите етнички прашања кои сега предизвикуваат конфликти. Јазиците, симболите, културните особености на секоја етничка заедница во Македонија, ќе добијат еднаков третман, без имплементација на било какви одредби за проценти, балансери, бадинтери итн. Во Македонски Концепт сме убедени дека со граѓанскиот Устав ќе се обезбеди инклузивно и европско општество, кое ги штити и промовира индивидуалните, наместо колективните права, посочуваат од партијата.
Бангиевски истакнува дека доколку Вреди навистина се залага за европска иднина на Македонија и за вистинско граѓанско општество, на рамноправни македонски граѓани без разлика на убедувања, тогаш ќе застане во групата на политички партии кои прифаќаат донесување на граѓански Устав.
-Во спротивно, ќе стане јасно дека тие заложби се само декларативни, а всушност се туркаат туѓи агенди за етнички поделби во земјава. Изборот е јасен, или сте за граѓанска држава или за бинационална поделба. Првото не носи дирекно во ЕУ, второто во конфликт помеѓу етникумите во земјава. Изборот е ваш. Македонски Концепт го направи својот избор. Тоа е граѓански Устав и итна интеграција во ЕУ.
Со оваа наша иницијатива, сакаме да ја спасиме Вреди од стапицата на Ахмети да се докажуваат кој од кого е поголем албански шовинист, во која длабоко се навлезени и за кратко ќе станат негови заложници. После тоа, само ќе бидат употребени за враќање на ДУИ на власт. Ова е шанса за вас, стои во партиското соопштение.