📷Бекам го покажа новиот стадион на Интер Мајами

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Раководството на Интер Мајами објави фотографии од новиот стадион на клубот кој треба да биде готов во 2026 година. Новиот објект ќе се вика „Miami Freedom Park“ и ќе чини 1 милијарда долари.

Интер моментално своите домашни натпревари ги игра на стадионот Чејс, кој има капацитет од нешто повеќе од 21.000 луѓе. Новиот стадион нема да биде многу поголем и ќе може да прими до 26.000 гледачи.

„После години на исчекување, исклучително е возбудливо да се сподели дека во 2026 година, Интер Мајами ќе се пресели во својот долгогодишен дом, „Miami Freedom Park“.

„Стадионот е кулминација на долгогодишната напорна работа и желба да се создаде визија и трајно наследство за навивачите на Мајами и заедницата од Јужна Флорида“, рече Бекам.

Слични содржини