Се продлабочуваат проблемите за Реал – се повреди и Милитао

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Едер Милитао е уште еден играч на Реал Мадрид кој се повреди, а неговата повреда беше потврдена од таборот на репрезентацијата на Бразил. 26-годишниот централен бек го напушти таборот на Селесао откако доживеа непријатност за време на тренингот во средата, а тестовите направени вчера потврдија дека дефанзивецот претрпел мало кинење на мускулот на десната нога.

Тоа е уште еден проблем за шефот на Реал, Карло Анчелоти, откако Ореалиан Чуамени, Ферланд Менди и Даниел Себаљос се повредија за само една недела.

Се очекува Милитао денеска да се врати дома во Мадрид на дополнителни тестови. Бразилецот сигурно ќе ги пропушти следните натпревари на Бразил против Еквадор и Парагвај, како и гостувањето кај Реал Сосиедад во Ла Лига кај неговиот клуб следниот викенд. Сепак, повредата на Милитао не е толку сериозна и тој најверојатно ќе биде надвор од терените помеѓу 10 и 15 дена.

Шефот на кралскиот клуб Карло Анчелоти ќе мора да размисли со кого Антонио Рудигер ќе биде партнер во одбраната на Реал Мадрид, откако Давид Алаба се уште се опоравува од тешката повреда.

Слични содржини