Тетовец фатен дома со 150 грама марихуана

од Nikola Popovski
139 прегледи

На 05.09.2024 во 15.15 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага. Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини