НАПАД НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА: 29-годишен Албанец им се заканувал на полицајци со мачета, им рекол дека сите ќе ги убие

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Службениците во полициската станица во Линц на Рајна (Рајнланд-Пфалц) имале драматична ноќ. Во полициската станица среде ноќ влегол 29-годишен маж кој им се заканил на полицајците со мачета и им рекол дека сите ќе ги убие.

Инцидентот се случил ноќта четвртокот кон петокот, околу 2 часот и 40 минути, а германските медиуми јавуваат дека се работи за Албанец.

Полициските службеници брзо реагирале и од двете страни го заклучиле влезниот простор на полициската станица во кој се наоѓал мажот. Го онеспособиле користејќи електрошокер и набрзо го уапсиле.

– При апсењето 29-годишникот е полесно повреден со електрошокер. Полицајците не се повредени. Засега ништо не се знае за мотивот за нападот, соопшти полицијата.

Според SWR, цитиран од „Феникс магазин“, станува збор за локален жител.