Јаневска: Домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа

од Nikola Popovski
100 прегледи

Она што во моментов се случува е дека по закон, наставниците треба да остануваат шест часа во училиштата, но тие ќе остануваат и подолго оти тоа е суштината на нашата реформа, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Според неа, реформата е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат што повеќе знаење.

-Реформата е наставниците да станат функционални во корист на знаењето, вештините и компетенциите на учениците. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Нас ни требаат наставниците за да го подигнат квалитетот на знаењето. Последни сме на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме. Учениците нема цел ден да бидат над книга, порача Јаневска.

Министерката истакнува дека учениците треба интерактивно да го совладаат материјалот, ако имаат домашна задача во вид на истражување или проект, да го завршат тоа, да имаат многу спорт, информатика, претприемништво и се што е потребно за да реално да влезат во животот, но и да научат решавање на проблеми и препознавање на булинг и прифаќање на различности.

-Не е ништо страшно. Таму каде што има услови, почнуваме со оваа реформа. Каде што има две смени, не очекуваме ова да се спроведува, но полека ја почнуваме, за да го подобриме квалитетот на знаењето на децата, посочи првиот човек во ресорот образованието.

Слични содржини