Жалиме што Кузеска и СДСМ се служат со невистини и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
32 прегледи

„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа продолжи и постави друго прашање:

„Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?“, запраша Митева.

Таа потенцираше дека доколку нема одговор на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.

„Нека одговорат на овие прашања, а доколку не ќе продолжиме да ја информираме јавноста. СДС беше на власт 7 години, имаа можност за сите состојби да дискутираат, но не го направија тоа и покажаа колку се очајни и колку она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е вистина“, децидна е Митева.

Ваквиот став на Митева следува откако претходно Кузеска приложи документи, според кои во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на премиерот Христијан Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Портпаролката на СДСМ истакна дека Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма.

Таа додаде дека во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски, туку на истата адреса, Антон Попов бр 57 во Петрич има уште една фирма, Инфинити транспорт група.

„Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?“ запраша Кузеска.

Слични содржини