29
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица, од кои вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.
Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесуваше 12,9 проценти. Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909 лица како активно население од кои 687.351 се вработени, а 101.558 невработени.