Огромен скандал во Германија! Дури 17 натпревари под истрага за местење

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Германскиот фудбал го тресе сериозен скандал. Повеќе од 17 натпревари се сомничат дека се наместени, поради што локалната фудбалска асоцијација покрена истрага.

Германците истражуваат натпревари главно од третата лига, како и регионалната четврта, но и повисоките рангови, пренесува германски Sky Sport.

ФС на Германија ги сфати сомнежите многу сериозно и веќе започна истрага во врска со можно местење и обложување на правилен резултат. Наводно, сомнителни се одредени погрешни одлуки на судиите и грешки на голманите и дефанзивците.

Не се наведува за кои натпревари станува збор, но нема сомнеж дека се ќе биде откриено наскоро.

Она што е главната вест во моментов е дека Германците почнаа да ја разоткриваат приказната како што веќе направија во 2009 година. Потоа беше откриена голема мрежа, беа уапсени десетици луѓе, меѓу кои и судии.

На крајот, поединци завршуваа во затвор од 11 месеци до три години.

Слични содржини