Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев смета дека државата не направи доволно за нашинците во дијаспората, особено во делот на она што е прифатено во во декември 1995 година во членот 49 околу грижата за македонското малцинство вон државата.
-Ја ограничивме македонската нација во границите на државата што никој друг не го направи. Ние направивме многу малку. Се надевам дека младите генерации и новите политичари ќе знаат дека треба да им служат и на макеоднските малцинства надвор од границите на државата, рече Ѓорчев пред почетокот на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември.
На прашањето дали тогашната влада, на почетокот на формирањето на државата, се справи со назначајните предизвици, екс-амбасадорот вели при преодот во еден во друг систем, македонската политика ги имаше сите болести што ги имаше и светската политика.
-Клиентилизам, непотизам, елитизам, суета, недопирливост за граѓаните…Задача за младите политичари е дека нивната функција е само да му служат на македонскиот народ и да ја чуваат македонската државност како што на 8 септември 1991 година, се одлучивме заедно за слободна и независна Република Македонија, додаде Ѓорчев.