По повод Денот на независноста СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски

од Nikola Popovski
17 прегледи

Во рамки на официјалното одбележување на Денот на независноста – 8 септември, делегација на СДСМ составена од пратеникот Митко Трајчулески, претседателот на СДММ Трајче Стојчевски и Викторија Мадиќ денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на Претседателот Борис Трајковски, на почивалиштето на првиот премиер Никола Кљусев и на споменикот на борците од НОБ.

Нивната големина и значаен придонес е вграден во државотворниот процес на осамостојувањето и градењето на независноста на македонската држава. Вечна им слава и почит.

Слични содржини