Една жена загина во Москва откако остатоци од соборен украински дрон паднале во станбениот блок во кој живеела и предизвикале пожар, соопштија руските власти.
Гувернерот на московскиот регион, Андреј Воробјов изјавил дека делови од дронот оштетиле најмалку две високи станбени згради во областа Раменское во вторникот во раните утрински часови, при што биле запалени неколку станови.
Градоначалникот Сергеј Собјанин информирал дека екипи за итни случаи биле испратени на бројни локации низ регионот, како и во областа во близина на аеродромот Жуково и околу областа Домодедово – место на еден од најголемите аеродроми во Москва. Повеќе од 30 летови биле одложени.
🇺🇦🇷🇺🚨‼️ BREAKING: A nine-year-old child was killed during a drone attack on a residential building in Ramenskoye, Moscow region of Russia.
In total, 14 drones were shot down in the urban districts of Podolsk, Ramenskoye, Lyubertsy, Domodedovo, and Kolomna.
Governor Vorobyov… pic.twitter.com/95cI3tcdCD
— TabZ (@TabZLIVE) September 10, 2024
Русија објави дека нејзината воздушна одбрана соборила повеќе од 70 украински беспилотни летала во текот на ноќта, при што најмалку 15 биле пресретнати во и околу Москва.
Областа Раменское, на околу 50 километри југоисточно од Кремљ, според официјалните податоци има население од приближно 250.000 луѓе.
Руските канали „SHOT“ и „Baza Telegram“, кои се блиски до руските безбедносни служби, објавија снимка од пламенот кој доаѓа од катна зграда, наведувајќи дека се уништени пет стана.
Во областа Брјанск, која граничи со Украина, „59 непријателски беспилотни летала беа пресретнати и уништени“, истакнал гувернерот Александар Богомаз на Телеграм. Тој го опишал нападот како „масовен“, но изјавил дека нема жртви или материјална штета.
Уште два украински беспилотни летала се пресретнати во областа Тула, јужно од Москва, објави официјалната руска новинска агенција ТАСС.
Повеќе од две и пол години откако Москва ја започна својата инвазија, Украина го забрза развојот на домашната индустрија за беспилотни летала за да и овозможи да ја нападне руската енергетска, воена и транспортна инфраструктура.
Украина не го коментираше нападот, кој уследи по предупредувањата за воздушен напад во Киев поради уште еден руски напад со беспилотно летало врз главниот град на Украина.