Гостиварското обвинителство: Нема наредба за приведување, ќе се утврдува каков е статусот на објектот во с. Галате

од Nikola Popovski
52 прегледи

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице.

Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.

-Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело, истакнуваат од Обвинителството.

Граѓани вчера споделија видео на социјалните мрежи, обвинувајќи дека полицијата сакала да апси луѓе во селото Галате и не дозволува да се гради црква.

Од видео-материјалот се гледаат десетина полицајци, од кои еден се расправа со мештаните. Полицијата дошла со три возила, од кои, едно возило е „марица“, која се користи и за приведување.

Слични содржини