Манчестер Сити се подготвува со посебен план за времињата по евентуалното заминување на менаџерот на клубот Пеп Гвардиола, објави во вторникот весникот „Мирор“. Шпанскиот стручњак има договор со англискиот шампион до следното лето и се уште не е јасно кој ќе го води тимот од сезоната 2025-2026. Раководството на „небесно сините“ подготви повеќе од 350 милиони евра за нови засилувања во случај на разделба со 53-годишниот Гвардиола.
Доколку поранешниот играч и тренер на Барселона остане на стадионот „Етихад“ и по 2025 година, средствата наменети за селекција ќе бидат значително помали, бидејќи тимот на Сити во моментов е широк и добро заокружен и има најмалку двајца играчи на секоја позиција.
За осум сезони под водство на Пеп Гвардиола, тимот на Манчестер Сити освои вкупно 18 пехари, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампионите. Раководството на клубот од Манчестер во последните неколку години вложи многу во подобрување на стадионот „Етихад“.
„Вистината е дека сум поблиску до заминување“, изјави неколку пати поранешниот репрезентативец на Шпанија.
Иднината на Гвардиола се очекува да биде позната не порано од крајот на актуелната кампања.