Трамп: И Путин и Зеленски многу ме почитуваат, ќе седнам и со двајцата

од Nikola Popovski
135 прегледи

Доналд Трамп, кандидатот на републиканците на претседателските избори во САД, истакнал дека е неопходно да се стави крај на војната во Украина, велејќи дека ги познава претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со оценка дека и двајцата од нив „многу го почитуваат“.

„Ќе разговарам со двајцата, ќе ги натерам да седнат и да се договорат. (Американскиот претседател Џозеф) Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви. Тоа води до трета светска војна, а сега не ни знаеме каде е нашиот претседател. Тој дури и не знае дали е жив“, рече Трамп за време на дебатата со демократската кандидатка Камала Харис на телевизијата „ABC“.

Тој додал дека во интерес на САД е да се стави крај на војната. Трамп изјавил дека Русија има нуклеарно оружје, но никој не зборува за тоа.

Слични содржини