73-годишник произведувал екстракти од марихуанa за медицински цели, иако дозволата му истекла пред две години

од Nikola Popovski
87 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

На 15.02.2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Слични содржини