Играч на Тотенхем се соочува со суспензија од 12 натпревари поради бизарна изјава за соиграч

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија објави дека играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур може да добие суспензија од 6 до 12 натпревари поради бизарната изјава што ја даде во своето последно интервју.

Имено, ФА соопшти дека побарала одговор од Бентанкур откако фудбалерот го прекршил правилото Е3 поради недолично однесување за време на интервју, а станува збор за неговиот коментар за соиграчот Хеунг Мин Сон.

Бентанкур, зборувајќи за репрезентацијата на Јужна Кореја на една уругвајска ТВ станица, рече дека Сон и сите негови соиграчи/сонародници изгледаат исто.

ФА соопшти дека Бентанкур употребил навредливи зборови.

„Се вели дека играчот од средниот ред на Тотенхем го прекршил Правилото Е3.1 на ФА со тоа што се однесувал на несоодветен начин и/или употребил навредлив јазик и/или ја омаловажувал играта.

„Бентакур е обвинет за наводно прекршување на Правилото Е3 на ФА за недолично однесување во врска со интервју за медиуми. Неговата изјава претставува „сериозно прекршување“ како што е дефинирано во Правилото Е3.2 на ФА, бидејќи вклучувало повикување, директно или преку импликации, на националност и/или раса и/или етничко потекло“, се вели во соопштението на ФА.

Бентанкур набрзо му се извини на својот соиграч Сон, а до 19 септември треба да се објасни пред ФА за ова прашање.

„Сони брат! Жал ми е за тоа што се случи, тоа беше невкусна шега. Знаеш дека те сакам и никогаш не би те непочитувал или повредил тебе или некого. Те сакам брат!”, му рекол Бентанкур на јужнокорејскиот играч.

Слични содржини