Аваја: Лош старт и грешка во чекори

од Nikola Popovski
65 прегледи

Партијата Аваја упати јавно прашање и реакција до ВМРО ДПМНЕ да ѝ објаснат на пошироката јавност и на ромската заедница, за тоа како мислат да се борат против корупцијата, злоупотребата на јавните функции, непотизмот и судирот на интереси во корист на мнозинството граѓани.

-Особено во услови кога од самиот старт има низа на грешки во чекори. Со амин на Владата и премиерот продолжуваат именувањата на лица, носители на јавни функции и службени позиции, без јавна процедура и без никаква транспаретност, исклучиво по партиски и фамиларни врски.

АВАЈА прашува – Дали ова беше партискиот договор, кој што е посилен од законот и процедурите?

Колку лица од Демократскиот сојуз на Ромите (ДСР), исклучиво по партиска линија и блиски фамилијарни односи, ќе бидат назначени како носители на јавни функции ?

Ја потсетуваме јавноста дека корупцијата претставуваа користење на јавната функција за лична корист и најчесто вклучува и судир на интереси.

Потребата од вистинска борба против корупцијата а не само декларативни заложби е врвен приоритет за враќање на довербата, затоа што граѓаните и ромската заедница не може да бидат само пасивни лица кои што ја плаќат таа висока цена на коруптивните пракси и методи на работа, велат од партијата.

Најавуваат дека ќе упатат и барање за постапување и преиспитување на донесените одлуки во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

-Именувањата на Кашмир Салиу за заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), да се разгледа вработувањето на Јонус Салиу и дали е точно дека ова лице кој претходно беше вработен во Пошта заминал со отпремнина и сега работи во општина Гостивар во одделението за матични книги, поставувањето на својот внук Ајдоган Демири во Владата, нивната врска со политичките и семејните интеракции во партијата и Владата, како и врската и кумството на Шабан Салиу, лидер на Демократските сили на Ромите (ДСР), именуван Министер без ресор и Заменик министер за односи помеѓу заедниците, НеждетМустафа, стои во партиското соопштение на Аваја, додавајќи дека пва е сигнал за аларм и лош старт со големи грешки во чекори.

Слични содржини