СДСМ: Зар Сиљановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ?

од Nikola Popovski
274 прегледи

Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски, велат од СДСМ за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата пред три дена во Софија.

Од најголемата опозициска партија велат дека „скандалот ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска“.

-Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

Зар Сиљановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ? Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира, прашуваат од партијата на Венко Филипче.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Жељаско Радуков.

За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на министерството со кое раководи.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.

Слични содржини