Мециновиќ: Намерно е изоставено македонското знаме во Софија

од Nikola Popovski
89 прегледи

Сиљановска со ваквите потези наместо претседател на државата, се става во позиција на пиун во великобугарската игра против македонските интереси, вели портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ за пропустот со македонското знаме во Софија на средбата меѓу Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова.

Според него, „не треба да се правиме будали или да се правиме мали деца“.

-Намерно е изоставено македонското знаме во Софија затоа што тоа е порака која нас Бугарија ни ја праќа. Гледаме дека македонската претседателка и нејзиниот Кабинет не можат да се освестат и да сфатат дека треба да ги штитат македонските интереси. Сиљановска учествува во играта која се игра против Македонија веќе подолго време, рече Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Слични содржини