Уапсен познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ

од Milan1
128 прегледи

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доцна синоќа е приведен на границата помеѓу Србија и Хрватска, односно на граничниот премин Бајаково, јавува „Слободна Далмација“. Полицијата рано утринава веднаш од границата го спровела во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде го чека ново судење.

Трифуновиќ пред речиси точно една година беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и држење на куче без надзор.

Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за држење куче без надзор.

Слични содржини