Вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи не верува дека ДУИ и „Европскиот фронт“ имаат капацитет овој месец да организираат протести. Во интервју за весникот ЛАЈМ, Фетаи вели дека граѓаните сфатиле дека партијата на Ахмети, според него, нема кауза, туку единствената цел на оваа тема е „заштита на криминалците во нивните редови“.
„Слушнавме дека ДУИ подготвува протести од септември. Верувам дека овие напори да се мобилизираат одреден дел од нивните структури, или нивните гласачи, ќе пропаднат, бидејќи сите веќе разбираат дека ДУИ нема причина, туку единствениот проблем е да ги заштити криминалците и корумпираните во сопствените редови. Граѓаните ги разбраа овие игри и не гледам кој може да застане зад ваквите повици на ДУИ“, смета Фетаи.
Фетаи, кој бил претседател на движењето Самоопределување на Албин Курти во Белгија, за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, вели дека е предизвикан со цел да се откажела посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, која се случи пред два месеци.
Според него, веднаш по формирањето на новата Влада имало неколку обиди за дестабилизација на државата.
„Во овие 75 дена што ги оставаме зад нас, имаше неколку обиди за дестабилизација. Првиот беше транзитот на претседателката на Република Косово до аеродромот во Скопје, транзит кој го карактеризираа многу тензии, како што слушнавме во медиумите, што според мене беше обид да се влијае за откажување на посетата. на премиерот на Косово, Албин Курти во нашата земја, што беше прва посета на премиер на нашата земја“, изјавил Фетаи за весникот ЛАЈМ.