Јакимовски за Законот за бранители: Не смееме да ги заборавиме и семејствата на загинатите припадници на ОНА

од Nikola Popovski
92 прегледи

Како може да биде дел од обидите за дестабилизација кога претставниците на претходната власт дадоа поддршка на тој закон, како и сегашната власт, а тогашна опозиција. Тие дури го предлагаа со конкретни бројки – кој колку треба да добие и за каков степен на инвалидитет. Што е обид за дестабилизација, праша лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, говорејќи за Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и фактот што најверојатно наскоро нема да се најде пред матичната собраниска Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Јакимовски посочи дека „некој во оваа држава бараше мнозинство во Парламентот, сега го има и треба да делува“. Очекувањата, според него како што вели, се да немаме заложништво како со претходната влада.

-Бранителите кои што биле таму се луѓе што биле на должност. Ако бил полицаец, не бил обучуван за да обавува воени дејствија, ако бил мобилизиран и ако бил регрут. Тоа важи за сите во безбедносните структури, како и за ЦУК. Тоа се причините зошто на тие луѓе им следува одредено обесштетувања.

Во исто време, не смееме да ги заборавиме и семејствата на загинатите припадници на ОНА. Детето не е виновно ако татко му земал пушка и тргнал да се бори против државата и погинал. За тие деца мораме да водиме сметка. Ниту една мајка не сака да го изгуби чедото. Мораме да водиме сметка и за тие семејства. Прашањето за припадниците на ОНА е друго прашање оти таму се работи за доброволни активности – си формирале нелегални формации кои што извршиле напади врз државата. Тоа се други прашања кои не можат да бидат инкорпорирани во ова, рече Јакимовски во вчерашното издание на „Само вистина“.

Слични содржини