Левица: Димитриевски набавил семафор од 10 милиони денари за салата во Куманово

од Nikola Popovski
40 прегледи

Максим Димитриевски набавил семафор во спортската сала во Куманово во вредност од 10 милиони денари, за споредба во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари, обвинија од Левица.

Од опозициската партија истакнуваат дека целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, а договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или МИЛИОН И 145 ИЛЈАДИ ЕВРА, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.

-Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!

По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност, наведуваат меѓу другото од партијата на Димитар Апасиев.

Левица го повикува Обвинителството да ја провери јавната набавка, а на премиерот Христијан Мицкоски му порачаа дека „ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово“.

Слични содржини