Бугарски пратеник се заканува: Македонските политичари нема да ја видат ЕУ со ваквото однесување

од Nikola Popovski
59 прегледи

„Политичарите во Северна Македонија нема да ја видат ЕУ со ова однесување“, вака бугарскиот пратеник Станислав Балабанов од партијата „Има таков народ“ го коментирал ТВ интервју на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Претставникот на ИТН истакнал дека неговата партија, претседателот на партијата и екстремно десничарската „Преродба“ биле единствените претставници на политичката елита во Бугарија кои и на Советодавниот совет за национална безбедност пред извесно време направиле се, како што вели, за да ја заштитат бугарската позиција.

-Во првиот ред, оние кои се преправаат дека се евроатлантичари – Борисов, Пеевски, Асен Василев, Кирил Петков, Христо Иванов, ги притиснаа копчињата за да се тргне ветото,. Северна Македонија нема да ја помириса ЕУ, ако случајот стигне до ИТН, додека не го поправат своето однесување, зборувањето и не ги почитуваат сите елементи од договорите, рекол Балабанов, пред тамошните медиуми.

Според него, барањето од бугарските политичари за оставка на вицепремиерот Николоски и за отповикување на македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска не било претерано.

Слични содржини