Цана за починатиот од Западно-нилска треска: Најверојатно живеел сам, куса е анамнезата

од Nikola Popovski
35 прегледи

Еден отсто од пациентите заразени со Западно-нилска треска можат да развиваат и невролошки манифестации, што во моментов клиничката слика со тоа што е потврдено. Во неговата крв има детектирано присуство на болеста и тоа се зема како позитивен резултат. Пациентот беше во тешка состојба и после шест дена од приемот, настапи смртен исход, рече директорката на Инфективната клиника, Фадил Цана за смртта кај 78-годишното лице од кочанско.

Според Цана, најверојатно пациентот живеел сам. Членовите од неговото семејство го нашле „паднат“.

-Куса е анамнезата, дали и што примил…Никој не може да каже колку дена претходно бил болен. Кога доаѓа тука, кажува еден ден претходно, а тој можеби бил повеќе време, информира директорот на Инфективната клиника.

-Опасност од ширење на болеста? Не можам да кажам дека има или нема затоа што резервоар на тоа се инсектите и преку каснување на комарец… Секој може да се зарази, но не значи дека секој комарец го пренесува. Статистиката тоа го кажува. Единственото нешто што може да се превенира е да се спроведат програмите за дезинсекција, додаде Цана.

Слични содржини