ВМРО-ДПМНЕ веќе трети ден продолжува со обвинувањата кон екс-министерот Љупчо Николовски и како што велат, расфрлањето на народни пари додека ја извршувал државната функција. Од партијата соопштија дека за помалку од четири години колку што бил министер за земјоделие потрошил 976.199 денари или скоро милион денари за во кафеани и ресторани.
-Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари или скоро 500 илјади денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година 377.700 денари или скоро 400 илјади денари. Месечно трошел околу 24 илјади денари за ресторани или една плата со која живее семејство.
Дон Николовски јадел телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а пиел и скапи вина или шише од по 3.500 денари. Расипничкото однесување е карактеристика за функционерите од СДС, обвинуваат од „Белата палата“, посочувајќи дека ќе продолжат со објавување детали.