(ВИДЕО) Млад Американец тврди дека поради брзата храна добил рак

од Milan1
96 прегледи

Еден млад Американец преку социјалните мрежи решил да ги предупреди своите врсници за опасностите што демнат во секојдневна исхрана, тврдејќи дека токму неговата лоша исхрана предизвикува рак на дебелото црево.

Дијагностицирана му е кога имал само 25 години и смета дека токму тоа најмногу ја предизвикало болеста болеста.

– Дијагностициран ми беше кога имав 24-25 години, но докторот ми рече дека сигурно туморот го имам веќе три години. Моја вина е! Во тоа време буквално живеев на сендвичи – призна младиот човек кој видеото го објави на ТикТок, пренесувајќи им порака на многумина кои не внимаваат што јадат.

Во видеото истакна дека е премногу мрзлив да готви сам и дека јаде брза храна речиси секој втор ден.

– Буквално јадев само сендвичи и супи. Исто така, многу црвено месо. Никогаш не сум одбил стек кога ми го понудиле. Докторите не ми кажаа директно дека тоа е причината, но претпоставував дека не сум далеку од вистината. Секогаш ме прашуваат за медицинска историја и семејна генетика. Во моето семејство нема историја на рак на дебелото црево, така што генетиката не е фактор на ризик во мојот случај – рече тој.

Оваа изјава набрзо наиде на голем број коментари на ТикТок: „Мојот онколог ми рече дека веќе би ја добил Нобеловата награда доколку точно знаел што предизвикува рак“, „Одговорно тврдам дека храната игра клучна улога и за целокупното здравје и за добивање рак“, „Барем на време дознавте, се надевам“, се само дел од коментарите под објавата.

Слични содржини