Белата куќа: Израел не го известил Вашингтон пред нападот на Бејрут

од Илинка Илиоска
59 прегледи

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека Израел не го известил Вашингтон пред израелските сили да започнат напад во Бејрут претходно истиот ден.

Тој ги повика американските граѓани да не одат во Либан или да ја напуштат таа земја, доколку моментално се таму, пренесува Ројтерс.

Кирби, исто така, повтори дека администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да избегне ескалација на Блискиот Исток, без да го коментира денешниот смртоносен напад врз либанската престолнина.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелскиот напад загинале најмалку осум лица, а 89 се повредени.

Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.

Два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека командантот Ибрахим Акила бил убиен во нападот.

Еден од изворите рече дека тој бил убиен заедно со членовите на елитната единица Радван на Хезболах за време на состанок

Слични содржини