28
Пратеничката од СДСМ, Сања Љукаревска во Дејли клик на ТВ21 изјави дека и социјалдемократите ја поддржуваат идејата за укинување на Балансерот, механизмот за правична и соодветна застапеност во јавната администрација.
„И ние сме за укинување на Балансерот. Балансерот мора да претстави соодветен систем на наградување, но со строги критериуми. Од друга страна, треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука“, нагласи Љукаревска.