Започна 45. издание на „Браќа Манаки“: Награди добија големи имиња од светската кинематографија

од Илинка Илиоска
19 прегледи

Во Битола се одржа свеченото отворање на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, истакна дека годинава фестивалот привлекува големи имиња од светската кинематографија, вклучувајќи добитници на Оскари, БАФТА награди и многу други признанија. Тој нагласи дека Битола ќе биде центар на филмската уметност, со голем број истакнати професионалци кои ќе шетаат низ Широк сокак.

На фестивалот оваа година беше доделена Златна камера 300 за животно дело на Јанаки Манаки, во знак на признание за неговото наследство и придонес во филмската уметност. Наградата ја прими неговиот внук, Милтон Манаки, кој изрази чест и благодарност од името на семејството и посочи дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен бидејќи ги слави кинематограферите.

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел беше добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело. Делбонел изрази почит кон претходните добитници на ова престижно признание и посочи дека продолжува да го возвраќа на филмската уметност она што таа му го дала низ годините. Премиерот Христијан Мицкоски му ја врачи наградата на свечената церемонија.

Наградата Специјална камера 300 за особен придонес во филмската уметност ѝ беше доделена на полската кинематограферка Јоланта Дилевска. Друштвото на филмските работници исто така ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на режисерот Димитар Грбевски. Фестивалот беше отворен со филмот „Партенопе“, во режија на Паоло Сорентино.

Слични содржини