Томовски тврди дека имало злоупотреби со владиниот авион: Џафери го барал за да не се распадне тогашната коалиција

од Nikola Popovski
46 прегледи

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски денеска информира дека имало обид за злоупотреби, но и злоупотреба со користењето на владиниот авион од страна на членови на претходната Влада. Според него, екс-вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ го побарал авионот за да „лета од Скопје до Ниш“.

-Поекономично, побрзо, попрактично е да отпатувате до Ниш со возило отколку со авион. За среќа е одбиен од службата. Има и класична злоупотреба од страна на Талат Џафери.Во минатото, нашите пилоти го носат авионот на вонреден сервис во Нирнберг и додека трае тоа, тие земаат карти за да отпатуваат во САД, каде што двапати годишно одат на симултант што е законски. За да не губат од работните денови, додека е на сервис авионот, тие заминуваат таму, но тогаш претходното раководство се јавува и вели под итно морате да се вратите во Македонија. Пилотот вика расклопен е, не може, не е практично… Им велат не, морате да се вратите оти може да ни се распадне коалицијата, рече Томовски во емисијата „Дејли клик“.

Слични содржини