Фериде Хаџиу од коалицијата ВЛЕН го критикуваше враќањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето.
-Блерим Беџети од Европскиот фронт, кој некогаш го критикуваше Али Ахмети, сега е директен извршител на враќањето на ваквите споменици, во соработка со најнеуспешната градоначалничка Данела Арсовска и советниците од антизападната опција Левица.
Беџети познат по многу скандали, одлучил заедно со Арсовска и Левица да го врати споменикот познат како Касапот. Додека граѓаните се жалат на неуспешно управување со Скопје, коалицијата ДУИ, Арсовска и Левица ги насочуваат своите сили кон враќање на споменикот, целосно игнорирајќи ги реалните барања и потребите на граѓаните, изјави таа на кружниот тек кај ТЦ „Ист гејт“, каде е поставена градежна табла како подготовка за повторно поставување на споменикот.
Оваа личност (Беџети), додава Хаџиу, која ја остави општина Сарај во катастрофална состојба, не се двоуми да употреби секакви средства за да им наштети на Албанците, во интерес на ДУИ.
-ДУИ е подготвена да прави коалиција со било кој за да ја спаси својата кожа од одговорност, рече меѓу другото, Хаџиу.