Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска истакна дека предлог-законот за бранителите има една и единствена цел: да се допрецизира право кое е веќе утврдено и да се предвидат одредби кои ќе значат правичен надоместок за жртвите и за настанатите последици.
-Наместо дискусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво. Партиите на власт покажаа незрело однесување. Овој предлог-закон не е провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој закон не се однесува само на припадниците на безбедносните сили кои учествувале во воениот конфликт во 2011 година, туку на сите кои загинале извршувајќи ги задачите во интерес и заштита на сите граѓани на Македонија, кажа Петровска на прес-конференција во Собранието.
Екс-министерката бара од спикерот Африм Гаши да го примени Деловникот и да ја закаже надлежната собраниска Комисија за труд.
-Претседателот Гаши да постапи како што постапи со унгарскиот кредит. Чекор назад е враќањето да се свика Комисијата и враќање назад на ВМРО-ДПМНЕ да избегне одговорност, посочи Петровска.