„Застанавме кај 11. век“: Димитров очекува новиот состав на Историската комисија дополнително да го зајакне тонот меѓу Скопје и Софија

од Nikola Popovski
188 прегледи

Очекувам новиот состав на заедничката Историска комисија уште повеќе да го зацврсти тонот меѓу Скопје и Софија, изјавил бугарскиот историчар и професор Ангел Димитров за бугарските медиуми. Тој е предводник на бугарската страна од Комисијата за историски и образовни прашања, формирана пред 6 години.

„Комисијата се чинеше дека е доста блиску до исцрпеност пред промената што ја направија во Скопје. Нашите колеги од претходниот состав вложија максимални напори да не отстапат од постулатите на толкувањата на минатото во РСМ. Обвинувањата против нив беа апсолутно неоправдани. Во моменти кога нашите разговори добиваа малку поостар тон, им кажав дека ја напуштаат научната област и се однесуваат како чувари на митовите. Многу ме интересира новиот состав, кој очигледно ќе ја следи линијата што ја повлече новата влада, што повеќе може да направи од дополнително зацврстување на оваа теза и ваквото научно однесување на претходниот состав на комисијата. Згора на тоа, барем двајца од новите членови ни се познати“, рекол Димитров.

Според историчарот, се очекува новиот состав на Комисијата да ја продолжи линијата на новата македонска влада.

„Комисијата не може да се одвои од политичката комуникација меѓу двете земји, од едноставна причина што е создадена со Договорот за пријателство и добрососедство. Сепак, нејзините задачи не се политички. Политичка идеја е дека работата на Комисијата ќе помогне да се надмине таа состојба во односите, која беше создадена од образованието преку моделирање на лошите ставови кон Бугарија и бугарскиот народ“.

„Кога беше формирана комисијата пред 6 години, имаше два ставови – очекување дека може да се направи чекор за да се помогне да се надминат овие бариери за вистинско добрососедство и пријателство. Но, имаше и предупредувачки сигнали за тоа колку ќе биде тешко за нашите колеги. таму историчарите и воопшто политичката класа да го напуштат овој југословенски и националистички пат што го следеа близу 8 децении. Вистината е дека застанавме во 11 век“, прецизирал професорот.

Димитров е на мислење дека, како што вели, „сегашниот остар тон од страна на Скопје не е нешто сосема ново, но е неочекувано силен, како категорично политичко отфрлање на сето она што е досега направено, иако не беше завршено на најдобар и очекуван начин“.

Слични содржини