Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски негира дека се загрозува албанскиот јазик и идентитетот на Албанците во Македонија. Вели дека како држава не сме „како некои земји-членки кои сакаат да го загрзуваат идентитетот на другите народи“. Истакнува дека се почитува идентитетот на Албанците и посебноста на македонскиот и албанскиот јазик.
-Има политичари кои што зборуваат,а ништо не прават, но и политичари кои повеќе покажуваат, а малку зборуваат. Јас сум оние што покажуваат со дела. Апсолутно го почитувам албанскиот јазик. Секоја година го честитам Денот на албанската азбука на 22 ноември. Јас повеќе би се интересирал и за заштитата на македонскиот јазик секаде каде што има Македонци. Очекувам наскоро да заминам и во Мала Преспа, да разговараме на нашиот мајчин јазик, да поделиме литература на нашиот македонски јазик од македонски автори. Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми кои што завршуваат како ова што сега беше дел од мојот одговор.
„Загрозувањето на албанскиот јазик, го загрозува идентитетот на Албанците“. Ова е главната порака, како што објавија дел од медиумите во земјава на албански јазик, што вчера ја испратила претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали. Таа исто така зборувала и за одлуката што треба да ја донесе Уставениот Суд, при што истакнала дека очекува решение согласно духот на Рамковскиот договор.