Уапсена жена со 68 капсули кокаин во стомакот

од Milan1
21 прегледи

Безбедносните служби на Меѓународниот аеродром во Јоханесбург, еден од најпрометните во Јужна Африка, уапсиле жена на која со рендгенски снимки ѝ биле пронајдени 68 капсули кокаин во стомакот, со вкупна тежина од околу 850 грама. Потоа таа е обвинета за криумчарење дрога.

Откако полицијата добила дојава дека жена се обидува да пренесе дрога на лет од Сао Паоло, Бразил, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на аеродромот.

Таа е 10-то лице уапсено на овој аеродром изминативе два месеца под сомнение за криумчарење дрога. Минатата недела беше уапсен и Нигериец кој се соочува со слични обвиненија.

Слични содржини