Му ветила дека ќе му наде работа во странство и го олеснила за 11 000 денари: Непозната жена измамила скопјанец

од Илинка Илиоска
21 прегледи

25-годишен жител на Скопје вчеравечер пријавил во полиција дека непозната жена го измамила за сума од околу 11.000 денари.

„Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите. Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини