ЕУ и САД бараат одговорност за терористичкиот напад во Бањска, Радоичиќ сè уште на слобода

од Илинка Илиоска
420 прегледи

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, побара одговорност за сторителите на терористичкиот напад во Бањска, кај Звечан, кој се случи пред една година. Во нападот беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку, за кого амбасадорот изрази почит, истакнувајќи: „Соединетите Држави го повторуваат својот повик… сторителите и сите кои беа вклучени во тоа страшно злосторство да бидат одговорни“.

Германската амбасада во Приштина исто така повика на казнување на одговорните, посочувајќи дека Милан Радоичиќ, лидерот на српската група која стои зад нападот, сè уште е на слобода. „Неуспехот одговорните да се повикаат на одговорност… го поткопува мирот во регионот“, стои во реакцијата на амбасадата.

Европската Унија преку својот портпарол, Стано, исто така повика на итно гонење на одговорните и на зачувување на безбедноста во регионот. „ЕУ го повторува својот повик за брзо гонење на одговорните и ја потврдува својата посветеност на правдата“, порача Стано.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, ја повтори осудата на нападот, истакнувајќи: „Најостро го осудувам грдиот напад на вооружена банда врз косовски полицајци во Бањска“.

Слични содржини